Фабио Квартараро ја освои пол позицијата во Мото ГП за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун.
Во денешните квалификации видовме многу возбудувања во првиот дел, но секако вистинскиот спектакл беше во вториот дел од квалификациите.
Квартараро повторно се истакна на Јамаха, која ја има пол-позицијата третпат по ред, а ќе стартува од првата позиција и во Силверстоун.
Францускиот возач имаше неверојатен круг со време од 1:57.233, а Алекс Маркез, кој утре ќе стартува втор, заврши зад него.
Добар настап во квалификациите имаше и Пеко Бањаја, кој беше трет, шест десетинки од секундата зад Квартараро.
Марк Маркез утре ќе стартува само од четвртата позиција. Шпанецот направи голема грешка во последниот круг од квалификациите, поради што мораше да се откаже и да се задоволи со четвртото место.
Утрешната трка во Силверстоун започнува во 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА