Квартараро: Време е да го покажам мојот потенцијал, наградата на Доха е нешто поразлично

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, истакна дека победата во трката за Големата награда на Доха е посебна за него во споредба со претходните што ги оствари во „кралската класа“.

Французинот стигна до својот прв триумф за тимот на Јамаха на патеката Лосаил, а четврти во кариерата во Мото ГП шампионатот.

“Немам зборови. Оваа победа се разликува од претходните. По последната трка бев разочаран. Но, сега сè беше сосема поинаку. На девет или десет круга до крајот, си помислив – сега е време да го покажеш својот потенцијал. Фантастично е што завршив на прво место. Се чувствував одлично“, рече Квартараро.

Младиот Французин триумфираше пред неговиот сонародник Жоан Зарко, кој во фото-финишот беше подобар од неговиот тимски колега Хорхе Мартин.

„Последното коло не беше брзо како претходното, но беше доволно за победа. Пеењето на француската химна со Зарко е најдобриот момент што сум го доживеал, заклучи Фабио“.

Следната трка од шампионатот во Мото ГП е закажана за 18 април и ќе се вози за Големата награда на Португалија.

Се вчитува...