„Л’Екип“ ги откри финалистите за „Златната топка“: Модриќ, Мбапе и Варан

Угледниот француски „Л’Екип“ објави официјален видео материјал како најава за очекуваната гала вечер на која ќе се прогласат најдобрите од фудбалот за изминатава година.

Па, Французите најверојатно, преку видеото, ги открија и тројцата финалисти во трката за „Златната топка“ – Модриќ, Варан и Мбапе.

Прогласувањето на најдобрите ќе биде на 3. декември, а преносот од доделувањето на наградите ќе може да се следи на официјалниот канал на „Л’Екип“.

Килиан Мбапе, Рафаел Варан и Лука Модриќ, судејќи според редоследот на појавување и простор кој се одвојува за нив низ видео материјалот, како што пренесуваат европските медиуми веќе јасно се финалистите  во трката за „Златната топка“.

Се вчитува...