Ла Коруња го отпушти тренерот

Пепе Мел повеќе не е шеф на стручниот штаб на Ла Коруња откако раководството на клубот му врачило отказ на овој стратег. Клубот од „Риазор“ неочекувано загуби на домашен терен од Гирона со 1-2, што беше доволна причина за челниците да донесат одлука за разделба од Мел.

Овој тренер пристигна во Ла Коруња во март минатиот месец и успеа во зацртаната цел, да обезбеди опстанок во елитното друштво. Тоа му донесе и продолжување на договорот, но слабиот старт на сезоната придонесе тој по само неколку месеци да си замине од „Риазор“. Мел се спаси со победата над Хетафе пред три кола, но откако ремизираше со Еибар и загуби од Гирона тој е принуден да го напушти тренерското место.

За нов тренер на Ла Коруња веднаш е именуван Кристобал Парало, стратег во младинската школа на клубот кој ќе дебитира наредниот викенд, на гостувањето против Лас Палмас.

Се вчитува...