ЛА Лејкерс не е достоен ривал за Голден Стејт

Прогнозите на почетокот од сезонава беа дека Голден Стејт и ЛА Лејкерс се главни фаворити да се сретнат во финалето на Западната конференција. Половина година подоцна, „езерџиите“ со Леброн Џејмс во составот се најголемо разочарување во лигата не успевајќи да стигнат до плеј-офот, а синоќешниот дуел со Голден Стејт беше само уште еден доказ колку тимот од „Ел-Еј“ е далеку од актуелните шампиони.

Голден Стејт славеше рутински со 90-108, откако ја доби првата четвртина со 12-39, по што „воините“ без мака стигнаа до победата. Казинс забележа нов дабл-дабл од 21 поен и 10 скокови за победничкиот тим, а Дурант реализираше 15 поени, од кои 12 во фуриозната прва четвртина.

Филаделфија не успеа да го запре налетот на Милвоки, губејќи од најдобриот тим на „Истокот“ со 122-128. Ембид се врати откако пропушти три средби за Филаделфија и оствари трипл-дабл од 34 поени, 13 скокови и 13 аситенции, но и тоа беше премалку за да се земе скалпот на Милвоки. Адетокумбо беше незадржлив и шутна дури 21 слободно фрлање, грчкиот ас го заврши мечот со 45 поени и 13 скокови, покажувајќи дека во топ-форма ќе го дочека стартот на плеј-офот.

Резултати НБА:

Филаделфија – Милвоки 122-128, Сакраменто – Кливленд 117-104, ЛА Лејкерс – Голден Стејт 90-108.

Се вчитува...