ЛА Лејкерс неочекувано немоќни во Мемфис, феноменален Вестбрук за триумф на Хјустон

ЛА Лејкерс доживеаја пораз во Мемфис од 105-88 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата. Лејкерси мнеочекувано загубија, но и натаму се лидери во Западната конференција, додека Мемфис се бори за последното место кое води во плејофот.

Морант со 27 поени и 14 асистенции ги предводеше Гризлис до триумф, додека Брукс дополни 24 поени. Леброн Џејмс постигна 19 поени со осум скока и 10 асистенции во гостинската екипа.

Портланд врза нов пораз без Лилард, овој пат од Атланта која победи со 129-117. Колинс постигна 24 поени, дополнети со 10 скока, а кај Портланд се издвои МекКалум со 35 поени.

Неизвесно беше на дуелот меѓу Сан Антонио и Орландо каде домашните славеа со 114-113. Ги предводеше Канаѓанецот Лајлис со 20 поени, а ДеРозан заврши со 16 поени. Фурние на спротивната страна постигна 23 поени.

Голден стејт триумфираше на гостувањето против Феникс со 99-115, додека Хјустон по продолжение беше подобар од Бостон победувајќи со 111-110. Вестбрук постигна 41 поен, дополнети и со осум скока, додека Харден имаше 21 поен и осум асистенции. Кај Бостон се издвои Татум со 32 поени и 13 скока.

Мајами го победи Бруклин со 116-113, додека Индијана славеше на гостувањето против Кливленд со 104-113.

Се вчитува...