ЛА Лејкерс потсетува на шампионските денови

Тимот на ЛА Лејкерс славеше на гостувањето против Мемфис со 108-109, за седма победа во низа, втора во два дена на гостински терен за составот предводен од Леброн Џејмс. „Езерџиите“ имаат право за задоволство, со оглед на фактот дека по првите 16 одиграни средби имаат 14 победи и само два порази, скор што последен пат го имаа во сезоната 2008/09, кога овој тим се закити со титулата.

„Ова беше перфектен натпревар. Не само што победивме, туку игравме на навистина високо ниво и кога беше најтешко“ – изјави тренерот Френк Вогел.

Леброн Џејмс повторно беше фантастичен постигнувајќи 30 поени, додека Дејвис беше одличен во рекетот реализирајќи 22 поени, надополнети со пет блокади и три украдени топки.

Чикаго славеше на гостувањето во Шарлот со 115-116 благодарение на извонредниот Зек Лавајн, кој постигна 49 поени, воедно и ја погоди победничката тројка на помалку од една секунда до крајот. Лавајн погоди дури 13 тројки, втор најдобар скор во историјата на НБА, зад 14-те тројки што Клеј Томпсон ги реализираше минатата сезона.

Филаделфија лесно и убедливо го совлада Мајами со 113-86, прекинувајќи ја серијата од пет победи на тимот од Флорида.

Резултати:

Минесота – Феникс 98-100, Шарлот – Чикаго 115-116, Индијана – Орландо 111-106, Атланта – Торонто 116-119, Њујорк – Сан Антонио 104-111, Филаделфија – Мајами 113-86, Кливленд – Портланд 110-104, Мемфис – ЛА Лејкерс 108-109, Милвоки – Детроит 140-90, Јута – Њу Орлеанс 128-120.

Се вчитува...