ЛА Лејкерс пред ангажман на Полјакот Горцат

Откако Де Маркус Казинс повторно заработи тешка повреда, ЛА Лејкерс интензивно се во потрага по кошаркар кој ќе биде алтернатива за Ентони Дејвис и Џавејл МекГи.

Изманативе денови се спомнуваа повеќе различни имиња, но ЕСПН пренесува дека најблиску до ангажман во редовите на „езерџиите“ е полскиот центар Марцин Горцат.

Според ЕСПН, Лејкерси планираат организација на индивидуални тренинзи за потенцијалните засилувања по што ќе донесат одлука со кого ќе се потпише. Но, се чини веќе се поизвесено е дека главната желба е Горцат кој од 2007 година е во НБА лигата настапувајќи за Феникс и Орландо. Од 2013 година е постојан член на Вашингтон.

Претходно „езерџиите“ беа поврзувани и со Двајт Хауард и со Јоаким Ноа, но најголеми се шансите Горцат да биде замената за Казинс во тимот од Лос Анџелес.

Се вчитува...