ЛА Лејкерс со уште едно засилување: И Бредли меѓу „езерџиите“

ЛА Лејкерс ангажираа уште едно засилување за новата сезона. Извонредниот дефанзивец на Мемфис, Ејвори Бредли е најновото засилување на „езерџиите“ потпишувајќи двегодишен договор вреден 9,7 милиони долари.

Сепак, договорот меѓу Лејкерс и Бредли ќе почека за официјализација откако кошаркарот ќе ја расчисти ситуацијата со Мемфис кој, и онака, сака да се ослободи од него.

Бредли девет сезони во НБА лигата бележи во просек по 12 поени, но пред се неговата игра се темели на одбраната што беше и пресудно во одлуката за ангажман од страна на ЛА Лејкерс.

Се вчитува...