Четири дена по големата хеликоптерска несреќа во која животот го загубија Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џана и уште седум лица, конечно се огласија и од ЛА Лејкерс, клубот во кој „Црната мамба“ ја мина целата своја кариера – полни 20 години.
„Уништени сме и тажни по големата загуба. Ја испраќаме сета наша љубов кон Ванеса и семејството Брајант. Не може со зборови да опишеме што за ЛА Лејкерс, нашиот град и нашите навивачи значеше Коби. Многу повеќе од кошарка. Беше сакан татко, сопруг и соиграч. Нивната љубов и светлина засекогаш ќе останат во нашите срца“ – се вели во пораката од ЛА Лејкерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА