Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа катастрофално прво полувреме на стартот од сезоната во ЕХФ Европската лига и тоа пред своите гледачи.
По 30 минути игра во салата „Боро Чурлески“, шпанската Ла Риоха има водство од 8:16.
Ништо не функционираше во играта на битолчани. Првиот гол беше постигнат во шестата минута, а грешките во нападот беа казнувани со лесни голови од контри, голманите имаа само три одбрани, а нападот беше запрен од неверојатниот голман Ледо. Тој во првото полувреме имаше дури 11 одбрани, а притоа успеа и да даде два гола.
Со ваква игра, Пелистер има минус осум по првиот дел во дуелот со Ла Риоха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
