Лајовиќ и Ѓоковиќ и донесоа полуфинале на Србија на АТП купот

Србија е третиот полуфиналист на АТП купот кој годинава премиерно се игра во Австралија, совладувајќи ја Канада во четвртфиналето со максимални 3-0.

Првиот поен за Србите го донесе Душан Лајовиќ кој беше подобар од Оже-Алиасим со 2-0, по сетови 6-4 и 6-2. Далеку потешка задача имаше Новак Ѓоковиќ кој успеа да го сруши Денис Шапалов дури во тај-брејкот во одлучувачкиот последен сет. Новак го донесе победничкиот поен за Србија, совладувајќи го младиот Канаѓанец со 4-6, 6-1 и 7-6. Во дубл натпреварот кој немаше никакво значече парот Чачиќ/Троицки беше подобар од Полански и Шамасдин со 6-3 и 6-2.

Во полуфиналето Србија ќе игра против Русија, додека во вториот меч Австралија го чека подобриот од мечот меѓу Шпанија и Белгија.

Се вчитува...