Лајпциг го менува тренерот: Розе на местото на Тедеско

После вчерашниот катастрофален пораз од Шахтјор во 1. коло во Лигата на шампионите, Лајпциг донесе одлука да го смени тренерот Доменико Тедеско, и да го постави Марко Розе за нов тренер. Одлуката треба да добие потврда веќе денеска, кога ќе има состанок во германскиот тим.

Лајпциг на последните два меча прими неверојатни осум гола. Во саботата загуби од Ајнтрахт со 4-0, а вчера не ја оправда фаворитската улога во дуелот со украинскиот тим, и загуби со 1-4.

Марко Розе ќе треба да го наследи Тедеско. Розе е без работа после отказот кој го доби од Дортмунд по завршување на минатата сезона. Розе во минатото беше тренер и на Борусија Менхенгладбах и на Салцбург.

Се вчитува...