Лајпциг го откачи Наполи: Елмас мора да се врати!

Елиф Елмас ги минува последните месеци во Неапол откако раководството на Лајпциг ги прекина преговорите со Наполи околу останувањето на македонскиот репрезентативец на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

За потсетување, Елмас минатото лето пристигна во Наполи на позајмица со клаузула за откуп во висина од 16 милиони евра. Проблемот е во тоа што Aурелио де Лаурентис веќе ставил до знаење дека нема намера да плати толкава сума, барајќи дополнителен попуст од Лајпциг.

Германците се навредиле, сметајќи дека направиле доволно отстапки кога ја намалиле клаузулата при ланските преговори. Ставот на Лајпциг е јасен – ако Наполи не плати 16 милиони евра, Елмас ќе мора да е врати назад во германскиот клуб, каде дополнително ќе бидат разгледувани понудите за негов трансфер.

Во Лајпциг се оптимисти дека ќе можат да добијат најмалку 16 милиони за Елиф од некој друг клуб, па дури и доколку тоа значи чекање до самиот крај на преодниот рок. Засега нема предзнаци дека Германците би сакале да го задржат нашиот „дијамант“, па останува прашањето каде ќе игра Елмас во сезоната 2026/27.

Се вчитува...