Лајпциг го ’суреди’ Мајнц

Фудбалерите на Лајпциг повторно победуваат во низа, а тоа на своја кожа вечерва го почувствува тимот на Мајнц. Лајпциг славеше со 2-3 и повторно има предност од четири бода во однос на Хофенхајм, кој вчера го победи Баерн Минхен.

Сабицер и Вернер на почетокот на вториот дел донесоа водство од 0-2, Мајнц намали преку Самперио од пенал, но Кеита во 81.минута зголеми на 1-3. Во завршницата, Муто погоди за конечни 2-3.

All Goals & highlights – Mainz 2-3 RB Leipzig… by goalsarena2017

Баер Леверкузен триумфираше на гости против Дармштад со 0-2, а стрелци на головите беа Џулијан Брант и Кевин Воланд.

Фрајбург го изненади Волфсбург на гости, и победи со 0-1, со голот на Нидерлехнер.

Резултати Германија: Мајнц – Лајпциг 2-3, Борусија Менхенгладбах – Херта 1-0, Дармштад – Баер Леверкузен 0-2, Аугсбург – Инголштад 2-3, Волфсбург – Фрајбург 0-1.

Се вчитува...