Лајпциг нема да дозволи најдобрите играчи да го засилат Баерн Минхен летово

Баерн е заинтересиран да ангажира двајца играчи на Лајпциг престојното лето. Станува збор за напаѓачот Кристофен Нкунку, и играчот за врска Конрад Лајмер.

Австрискиот интернационалец Лајмер уште лани беше на „мета“ на Баварците, но не дошло до договор. Нагелсман го сака Лајмер со кого работеше во времето кога го водеше Лајпциг.

Меѓутоа тимот на Лајпциг нема намера да ги пушти двајцата да заминат во Минхен. Лајмер има договор до 2023 година, па дури се преговара за нова соработка. Нкунку се смета како замена за Серѓ Гнабри, кој е пред заминување. Меѓутоа Лајпциг нема намера да го пушти ниту Нкунку, кој важи за главен напаѓач по заминувањето на Вернер во Челси и игра во фантастична форма.

Се вчитува...