Лајпциг: Нкунку останува кај нас и следната сезона

Директорот на Лајпциг Оливер Минцлаф, ја исклучи можноста моментално најдобриот играч на тимот да си замине од клубот ова лето. Претходно е соопштено дека за напаѓачот на германскиот тим се интересираат Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Милан.

Нкунку оваа сезона игра одлично, и на 30 меча постигна 17 голови и 13 асистенции.

„Јас зборував и ќе повторам. Нкунку останува кај нас и следната сезона. Нашата цел е да формираме одличен тим летоска за идната сезона“, рече Минцлаф.

Се вчитува...