Лајпциг прв финалист во Купот на Германија

Екипата на Фрајбург немаше сили за ново изненадување во Купот на Германија, откако во 1/4 финалето ја елиминираше екипата на Баерн Минхен. Вечерва Фрајбург како домаќин загуби од Лајпциг убедливо со 1-5.

Со тоа тимот на Лајпциг ќе има можност да го брани трофејот во ова натпреварување освоен лани кога во финалето го победи токму Фрајбург. Гостите уште во првиот дел го решија победникот откако водеа со 0-4 со головите на Олмо, Хенрикс, Собослаи и Нкунку. Интересно, Олмо покрај голот, запиша и три асистенции.

Лајпциг остана со играч помалку откако во 58. минута беше исклучен Гвардиол, а Фрајбург  намали преку Грегорич во 75. минута. Конечните 1-5 ги постави Собослаи од пенал во судиското надополнување.

Лајпциг во финалето ќе игра со подобриот од дуелот Штутгарт – Ајнтрахт Франкфурт, кој се игра утре.

Се вчитува...