Лајпциг рутински против Хофенхајм (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ред Бул Лајпциг славеа над Хофенхајм со 3-0 во последниот натпревар од 29. коло во германската Бундес-лига. Дилемите околу победникот домаќините ги решија уште во првото полувреме.

Нкунку во 5. минута донесе водство од 1-0. На 2-0 зголеми Халстенберг во 20. минута, а конечните 3-0 ги постави Шобошлаи во 44. минута. Со овој триумф Лајпциг му се приближи на само еден бод на третопласираниот Баер Леверкузен кој денеска ремизираше без голови против Бохум.

 

 

 

Се вчитува...