Лајпциг славеше во Леверкузен во битката за ЛШ (ВИДЕО)

Екипата на Лајпциг е блиску да обезбеди ново учество во Лигата на шампионите, откако со победата денеска во Леверкузен, се зацврсти на третото место на табелата.

Победата од 0-1 ја донесе Собослаи во вториот дел откако стрелаше по асистенција на Нкунку. Воедно, тоа беше и единствениот удар по голот на Леверкузен кој заврши во мрежата, додека „фармацевтите“ имаа четири удари кон голот, но без успех.

Сега Лајпциг има два бода повеќе од Леверкузен, кому му виси учеството во ЛШ поради тоа што Фрајбург има само бод помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...