Лајпциг со гол во 94. минута славеше со Леверкузен

Екипата на Лајпциг стигна до триумф од 1-0 во последните секунди од пресметката со Леверкузен за задржување на втората позиција на табелата.

Лајпциг во 28. коло од Бундеслигата на домашен терен против составот на Леверкузен стигна до трите бода благодарение на погодокот на Поулсен во 94. минута од средбата.

Josef Poulsen Goal HD – RB Leipzig 1-0 Bayer 04… by footballderby

Лајпциг на овој начин се зацврсти на втората позиција и по поразот на Хофенхајм од 2-1 на гостувањето против Хамбургер.

Најубедливата победа попладнево во Германија ја забележа Шалке на дуелот против Волфсбург од 4-1, со што запиша значителен напредок во битката за опстанок.

РЕЗУЛТАТИ – 28. КОЛО

Келн – Менхенгладбах 2-3

Фрајбург – Мајнц 1-0

Хамбургер – Хофенхајм 2-1

Лајпциг – Леверкузен 1-0

Шалке – Волфсбург 4-1

Баерн – Борусија Д. (18:30 ч)

ТАБЕЛА: Баерн М.(-1) 65, Лајпциг 58, Хофенхајм 51, Борусија Д. (-1) 50, Келн (-1) 40, Херта(-1) 39, Ајнтрахт 38,…

Се вчитува...