Лајпциг со пресврт во судиското надополнување до финале во Купот на Германија (ВИДЕО)

Лајпциг е вториот финалист во Купот на Германија. Вечерва потешко од очекувањата на свој терен, го совладаа Унион Берлин со 2-1, со гол во судиското надополнување.

Бекер во 25. минута ги шокираше домашните фудбалери, и го донесе Унион во водство. Лајпциг доминираше, но до израмнување стигна дури во 61. минута од белата точка. Прецизен беше Андре Силва.

Домашниот тим нападна да дојде до пресврт, и тоа им успеа дури во 93. минута кога Форсберг погоди во мрежата на Унион, за финале на Лајпциг, второ по ред за овој тим, откако играше и минатата година.

Во финалето Лајпциг ќе игра против Фрајбург, кој се пласираше во историско прво финале по вчерашната победа над Хамбургер.

Се вчитува...