Лајпциг убедлив, победија и „милионерите“

Лајпциг цврсто го чува второто место на табелата во Бундес-лигата. На домашен терен денеска го совлада Фрајбург со 4-0. Поулсен ја отвори серијата голови, Вернер зголеми на 2-0, а на почетокот на вториот дел Кеита постигна и трет погодок за Лајпциг. Во финишот Даме го постави конечниот резултат.

All Goals & highlights – RB Leipzig 4-0… by goalsarena2017

Борусија Дортмунд славеше над Ајнтрахт Франкфурт со 2-1. Марко Ројс се врати на терените по паузата и постигна гол уште во третата минута. Фабиан израмни на 1-1, но Сократис во 34.минута повторно ги доведе „милионерите“ во водство. Пјер – Емерик Обамејанг во 86.минута постигна и трет погодок за домашните, за конечен триумф.

All Goals & highlights – RB Leipzig 4-0… by goalsarena2017

Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах, кој домашните го добија со 5-3.

Резултати Германија: Мајнц – Херта 1-0, Борусија Дортмунд – Ајтрахт Ф. 3-1, Аугсбург – Келн 2-1, Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах 5-3, Лајпциг – Фрајбург 4-0, Волфсбург – Инголштад 3-0.

Се вчитува...