Лалатовиќ повторно со свое шоу: „ВАР? – ПреВАРа! Никој ништо не гледа…“ (ВИДЕО)

Младост ГАТ ремизираше на домашен терен, 1-1, против Спартак во Нови Сад во 34. коло од српската Суперлигата.

Милиќ ги донесе домашните до водство, но гостите успеаја да израмнат со гол во 84. минута, па тимот на Ненад Лалатовиќ испушти важни два бода. Во финишот домашниот фудбалер, Бразилецот Дал Бела беше соборен на самата линија од шеснаесетникот, судијата прво досуди пенал но откако консултираше ВАР но крај се одлучи само за слободен удар на работ на шеснаесетникот. Но, тој слободен удар домашните не успеаја да го искористат за победа.

По мечот, контроверзниот тренер Ненад Лалатовиќ не можеше да се помири со тоа приредувајќи ново свое препознатливо шоу.

„Дали беше пенал, не беше пенал… ВАР… Не знам повеќе дали ВАР суди само за да лаже. ВАР е ‘преВАРа’. Повеќе не знам што е пенал, а што не. Не знам ни кога и како повлекуваат линија… Од кога сум во фудбалот, ама појма немам“ – малку збунето конфузно коментираше Лалатовиќ, но јасно е што сакаше да каже.

Се вчитува...