Петар Љамчевски, Симеон Христов и Јорданчо Наумоски се повратници, односно нови фудбалери на Пелистер. Тројцата и во минатото беа дел од овој тим, и сега се враќаат во обидот да му помогнат на тимот да се врати експресно во „елитата“.
Љамчевски, кој потекнува од школата на Пелистер, се враќа во екипата после две години, откако настапуваше во аматерска лига на Австрија, а потоа и во Слога Виница и во Новаци.
Христов, пак, доаѓа во Пелистер од Скопје, со кого обезбеди пласман во „елитата“. И тој после две години се враќа во Битола.
Наумоски досега играше во Брегалница, и после само шест месеци се враќа назад во Пелистр, откако настапуваше за оваа екипа од февруари 2024 година до јануари 2026 година, пред да замине во штипските „сини“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
