„Ламине Јамал не е најдобар ниту во Барселона, а не па во светот!“

Според многумина, Ламине Јамал е веќе еден од најдобрите фудбалери во светот. Но, тоа не е така споредпоранешниот претседател на Барселона, Жоан Гашпар, кој тврди дека каталонскиот клуб има подобар играч од Јамал во својот тим.

Јамал дебитираше во првиот тим на Барселона кога имаше само 16 години, а веќе во првата сезона покажа дека е неверојатен талент со светла иднина пред него. За само неколку сезони, Јамал од анонимен стана еден од најдобрите фудбалери во светот.

Ова го докажа и изборот за Златна топка каде Јамал беше главен кандидат за освојување на наградата заедно со Усман Дембеле, кој на крајот беше избран за најдобар играч на планетата. Сепак, пред Јамал е иднината, и ако продолжи да игра на ова ниво, нема сомнение дека младиот играч на Барселона ќе ја освои Златната топка во блиска иднина.

Иако Јамал е, за многумина, без сомнение најдобриот играч што Барселона го има во моментов, не сите се согласуваат со тоа мислење. Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гашпар вели дека Јамал е неверојатен фудбалер, но дека Каталонците во моментов имаат подобар играч од него во тимот.

„За мене, Јамал не е најдобар во светот како што многумина велат. Нема сомнение дека еден ден ќе биде, но во моментов не е“ – вели Гашпар и продолжува:

„Во моментов тој не е најдобриот играч дури ни во Барселона, еве ќе ви кажам кој е подобар. За мене, Педри е многу подобар и е поважен за играта на Барселона. Мора да дадете придонес во сите 90 минути, а не во одредени моменти. Педри е клучен за играта на Барселона и во моментов е најважен во тимот“.

Се вчитува...