Ландо Норис до пол-позиција во Холандија

Актуелниот светски шампион Ландо Норис стигна до пол-позицијата на трката за големата награда на Холандија која се вози на патеката Зандворт.

Британецот до пол-позицијата стигна до пред сонародникот Џорџ Расел во Мерцедес. Од вториот стартен ред ќе тргнат лидерот во генералниот пласман Кими Антонели и вториот возач на Мекларен Оскар Пјастри. Во топ 10 се најдоа уште и:  Хамилтон, Леклер, Ферстапен, Лосон, Бортолето и Линбланд.

Трката за големата награда на Холандија е закажана за утре во 15 часот.

Се вчитува...