Ландо Норис најбрз на трката за големат награда на Холандија

Актуелниот шампион Ландо Норис е победник на трката за големата награда на Холандија која се возеше на патеката Зандворт. Возачот на Мекларен до победата стигна пред двоечот на Мерцедес, Кими Антонели и Џорџ Расел.

По нив следуваа двајцата возачи на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Во топ 10 се најдоа уште и: Пјастри, Лосон, Хулкенберг, Алонсо и Гасли.

За издвојување е и почетокот на трката кога во 2. круг од трката домашната надеж и четирикратен светски шампион Макс Ферстапен имаше голем инцидент на патеката Зандворт. Ферстапен изгуби контрола врз својот Ред Бул и заврши во заштитната ограда на патеката. Болидот беше цел во парчиња, а за среќа Холанѓанецот помина без никакви повреди.

Се вчитува...