Лани „недопирливи“, сега „смешка“ – четири причини за падот на Реал Мадрид

Реал Мадрид лани целосно доминираше на шпанската и европската фудбалска сцена, освојувајќи ги клучните трофеи во Примера дивизион и во Лигата на шампионите. По триумфот во Суперкупот на Европа во Скопје над Манчестер јунајтед се чинеше дека избраниците на Зинедин Зидан ќе продолжат во ист ритам, но потоа следеше неочекуван пад во формата на „кралевите“, кои по поразот во Џирона сега заостануваат дури осум бода зад Барселона.

Ова се четирите клучни причини за големиот пад на актуелтниот шпански и европски првак.

1. КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Португалскиот ас доби црвен картон и суспензија од пет меча во Суперкупот на Шпанија, ги пропушти првите четири средби во Примера, а по враќањето не личи на „стариот Кристијано“ кој беше страв и трепет за противниците. Само еден постигнат гол во Примера е премалку за играчот кој вообичаено е во трка со Меси за „златната копачка“, но сега веќе премногу заостанува над големиот ривал.

RONALDO

2. ПРОМАШЕН ПРЕОДЕН РОКВо ситуација кога го имаше најдобриот тим во Европа истиот треба само да се „нашминка“ со некое звучно име, но Флорентино Перез летово ја утна работата решавајќи наместо врвни засилувања да се насочи кон талентирани млади шпански играчи. „Кралевите“ не стигнаа до Мбапе, не се исполни ниту желбата на Зидан за Еден Азар, но затоа дојдоа играчи од рангот на Себалјос, Ернандез… (фудбалери со голем потенцијал, но во моментов предалеку од европската елита). Згора на тоа, беа продадени Мората, Хамес Родригез и Данило, па сега кога не оди Зидан нема квалитетни опции на клупата кои можат да го свртат натпреварот.

3. БЕКОВИТЕ ПОД НИВО

Офанзивните бекови вообичаено се многу значаен дел од играта во напад на „кралскиот клуб“, но сезонава овој дел од тимот е крајно проблематичен. По десната страна ситуацијата беше нарушена со болеста на Карвахал, кој нема достојна замена по заминувањето на Данило, па шанса добиваше младиот Ашраф. Изненадувачки е големиот пад во формата на Марсело, кој е под секое ниво во офанзивните задачи, а исто така ја загуби и сигурноста во дефанзива.

marselo povreda

4. ПОВРЕДИТЕ ГО ЗЕДОА ДАНОКОТ

Покрај суспензијата на Роналдо, значаен придонес во очајниот старт на сезоната имаат и повредите. Карим Бензема паузираше повеќе од еден месец, за Герет Бејл тоа веќе е нормална работа, по неколку натпревари пропуштија и Хернандез, Ковачиќ, Марсело, Асенсио, а згора на тоа со повреда се мачи и првиот голман Кејлор Навас. Дури и на дуелот со Џирона „кралскиот клуб“ остана без Варан, кој дотогаш беше меѓу најдобрите поединци на теренот, а по влегувањето на резервата Начо вториот голман Кико Касилја прими два гола.

Се вчитува...