„Лапорта е идиот, а Барселона е како мафија“

Екс-репрезентативецот на Холандија, Рафаел Ван Дер Варт упати жестоки критики на адреса на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Каталонскиот клуб е голема непознаница за фудбалската јавност затоа што иако е во финансиски проблеми успеа да ангажира и да регистрира неколку скапоцени засилувања. Тоа го натера Ван Дер Варт да го искаже својот став и да посочи дека во целата оваа ситуација има нешто сомнително.

„Како можете да купувате играчи кога немате пари? Сметам дека сето ова е срамота, тие се мафија. Лапорта секаде се појавува со својата голема глава и се смее и мисли дека е крал. Но јас мислам дека е идиот“, изјави Ван Дер Варт.

За потсетување, во Барселона досега пристигнаа Левандовски, Кеси, Рафиња, Кристенсен и Кунде.

Се вчитува...