Ќе нема спектакуларни трансфери во Барселона ова лето. Ова го најави претседателот на клубот Жоан Лапорта кој денеска ја коментираше можноста екипата да привлече некои големи имиња.
Конкретно, Лапорта беше прашан за ангажман на Ерлинг Халанд и на Хулијан Алварез.
„Нема разговори за такви блескави трансфери. Навивачите знаат дека ние имаме силен тим“, изјави Лапорта, и додаде:
„Не сакам да исклучам никого од списокот. Барселона може да се натпреварува да ги земе најдобриот играчи. Ние сме тие што ги поставуваме условите“, потенцираше првиот човек на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
