Лапорта ги собра парите, застанува на чело на Барселона

Жоан Лапорта ги собра неопходните средства што требаше да бидат уплатени како гаранција дека новата управа може да почне со раководење на каталонскиот гигант. Согласно законите, новата управа на чело со изгласаниот претседател Лапорта требаше да осигура 15% од вкупниот буџет на клубот, или конкретно 124,6 милиони евра (процентот се одредува од вкупниот буџет на клубот за минатата година).

Деновите минуваа, а во јавноста владееше страв дека новиот претседател нема навреме да ги собере парите, што ќе значеше продолжување на неизвесноста и распишување на нови претседателски избори. Сепак, денешниот состанок на бордот на директорите вродил со плод, при што биле собрани средствата што утре наутро ќе бидат уплатени на сметката на клубот.

Во бордот место ќе добие претставник на каталонската компанија Аудакс, но Лапорта ја одбил понудата за американски конзорциум да влезе меѓу директорите на Барселона.

По завршувањето на целокупната постапка неопходно е зелено светло да даде Ла Лига, по што Жоан Лапорта ќе се врати на функцијата претседател на Барселона.

Се вчитува...