Лапорта го одбра тренерот за „нова Барселона“

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта по враќањето на престижната функција во каталонскиот тим најави сериозни проблеми во клубот со цел враќање на претпознатливото лице.

Пред неколку дена тој говореше за својот нов проект и во таа прилика објасни каков тренер и е потребен на „новата Барселона“.

„Гвардилоа е единствен и неповторлив, не треба да се занесуваме. Со него имавме извонредни резултати, но во германскиот фудбал денеска има млади тренери кои ја негуваат истата филозоција како и ние“ – изјави новиот претседател на Барселона.

Воопшто не е тешко да се претпостави за кого станува збор. Јулијан Нагелсман е апсолутно број еден млад тренер, не само во Германија, туку општо во Европа. Според шпанските медиуми, Германецот е на врвот на листата на желби на Лапорта, но оваа смена на тренери би се случила само доколку Куман не успеа да освои титула со Барселона оваа сезона.

 

Се вчитува...