Лапорта го покани Куман на состанок, се чека крајна одлука за иднината на Холаѓанецот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, закажа состанок со тренерот на каталонскиот клуб, Роналд Куман, во врска со фијаското што се случи против Леванте. Каталонците имаа предност од 2-0 на полувремето, а на крајот натпреварот заврши со резултат 3-3. По таа грешка тие испаднаа од трката за шпанскиот шампион, па Атлетико и Реал Мадрид ќе ја продолжат борбата за првото место.

Сите во Барселона се во шок, а првиот човек на клубот сака тренерот да му претстави детална анализа на лошите резултати, со посебен акцент на последниот натпревар против Леванте.

Лапорта е првенствено заинтересиран за тоа што не е добро во тимот, како може да се промени за следната сезона, какви се односите во тимот, но и за односот тренер-тим. Покрај тоа, тој сака да знае како се чувствува Куман во врска со целата ситуација, што воопшто не е пријатно.

Според „Депортиво Мундо“, повикувајќи се на свои извори од клубот во Барселона, Лапорта не размислува за промена на Куман.

Се вчитува...