Лапорта: Големи промени доаѓаат во Барселона, од следната сезона ништо нема да биде исто!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најави огромни промени во клубот во текот на летото. Лапорта сака да го врати каталонскиот гигант на победничката патека и има намера значително да го промени тимот.

Пред неколку дена „Мундо Депортиво“ ги откри имињата на 14 фудбалери кои Лапорта има намера да ги продаде, па новиот претседател на Барса очигледно е сериозен за промените кои допрва ќе следуваат.

“Еден циклус е завршен и работиме на целосно обновување на тимот. Ова мора да се направи. Реков претходно дека ќе видам сè кога сезоната ќе заврши. Натпреварите, односот на тимот, менталитетот и амбицијата на играчите. Од следната недела, ќе започнеме со спроведување на низа одлуки и после тоа ќе дадеме коментари“, истакна Лапорта.

Желбата на Лапорта е тимот од „Камп Ноу“ повторно да стигне до врвот на фудбалска Европа и Ла Лига.

“Ние бевме елиминирани во раната фаза од Лигата на шампионите и го загубивме првенството на неверојатен начин. Сега мора да работиме напорно за да имаме тим што е подготвен да ги освои Лигата на шампионите и Ла Лига”, рече Лапорта.

 

 

Се вчитува...