Лапорта избран за нов претседател на Барселона!

Жоан Лапорта победи на денешните избори за претседател на Барселона. Официјално Лапорта е победник на изборите во каталонскиот клуб.

Барселона неколку месеци беше без претседател откако Жозеп Марија Бартомеу поднесе оставка.

Навивачите на каталонскиот тим можеа да бираат меѓу тројца кандидати, но на крајот убедливо победи Лапорта кој добил дури 58% од гласовите.

 

Лапорта се враќа на функцијата претседател на Барселона која повеќе од успешно ја извршуваше од 2003 до 2010 година. Тогаш направи вистински ремонт во клубот, а Барселона имаше фантастични резултати.

Лапорта сега, по победата, најавува дека ќе го врати клубот каде што беше пред десет години. Исто така вети дека уште вечерва ќе има разговор со таткото на Меси, Хорхе, за останување на Лео во клубот.

Се вчитува...