Лапорта: Куман останува тренер на Барселона!

Роналд Куман останува тренер на Барселона. Оваа вест за шпанските медиуми ја потврди претседателот на Барселона, Јуан Лапорта, и деновиве се очекува да биде и официјална.

Куман ќе добие шанса и понатаму да го води клубот и во новата сезона. Овој 58-годишен стратег на Барса го водеше тимот на 54 натпревари, а победи на 34. Девет пати неговиот тим играше нерешено и 11 пати беше поразен.

Сепак, екипата воопшто не блескаше па остана без борба за титула во финишот од сезоната, освојувајќи го само Купот на кралот.

Се вчитува...