Лапорта: Меси е најдобриот фудбалер на светот, Лео потврди дека ја сака Барселона

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, верува дека ќе успее да го задржи Лионел Меси на „Ноу Камп“. Лапорта беше избран за прв човек на клубот синоќа, а едно од првите прашања беше дали ќе успее да го убеди Меси да остане во Каталонија.

Договорот на Аргентинецот истекува на крајот на сезоната. Претходното лето, Меси изрази желба да го напушти „Ноу Камп“, но бидејќи не можеше да замине без отштета, тој реши да остане. Како овие избори ќе влијаат на Меси, ќе се види наскоро.

„Поминаа точно 20 години откако момчето по име Лео Меси дебитираше за тимот на Барселона до 13 години. Фактот дека најдобриот фудбалер на светот дојде на изборите за нов претседател со неговиот син, потврдува дека Лео ја сака Барселона. Најдобриот играч на планетата го сака овој клуб. Се надевам дека ќе остане поради тоа, тоа е она што го сакаме“, изјави Лапорта.

За потсетување, Лапорта се враќа на кормилото на клубот по 11 години. Во неговиот прв мандат (15 јуни 2003 година – 30 јуни 2010 година), тој освои четири титули во Ла Лига, две Лиги на шампиони, три Суперкупа на Шпанија и по една титула во Купот на кралот, Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство.

Се вчитува...