Лапорта: Меси е приврзан за клубот, убеден сум дека сака да остане во Барса

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е убеден дека Лионел Меси ќе остане на стадионот „Ноу Камп“, откако каталонскиот клуб го освои „Купот на кралот“ синоќа.

Барселона со убедлива победа дојде до трофејот совладувајќи го Атлетик Билбао со 4-0. Гризман и Де Јонг му дадоа предност на каталонскиот клуб, а Меси со головите во 68. и 72. минута ја потврди победата на Барса.

„Лео е најдобриот фудбалер на светот! Тој е многу приврзан за клубот. Убеден сум дека Меси сака да остане и ќе сториме се што е во наша моќ да го направиме тоа. На овој натпревар видовме дека тој беше опкружен со одлични играчи. Тимот играше многу добро“, изјави Лапорта.

Првиот човек на клубот истакна дека е задоволен од тоа како работи тимот.

„Куман и неговиот тим работат многу добро. Јас сум среќен и задоволен од нивната посветеност. Се надевам дека ова е само првиот од многуте трофеи што ќе ги освоиме“, заклучи Жоан.

Во Ла Лига, Барселона е трета на табелата, со еден бод помалку од Реал Мадрид и два помалку од лидерот Атлетико.

Се вчитува...