Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е решен по секоја цена да го обезбеди трансферот на Хулијан Алварез.
Според ESPN, Лапорта се чувствува должен кон Аргентинецот откако тој го исполнил барањето на каталонскиот клуб и јавно ја објавил својата желба да го напушти Атлетико.
„Тие говорат за тужба, но не сме загрижени. Велат дека сме ги прекршиле правилата, но Алварез самиот сака дда си замине и да дојде кај нас. Вистината е дека јас разговарав со нив директно и конкретно, дадов понуда, тие ми одговорија дека не сакаат да го продадат бидејќи не можат да најдат замена. Понудата им е на маса, можат да се премислат во секое време, ние не го менуваме нашиот став без оглед на заканите за тужба“, истакна првиот човек на Барселона.
Барселона веќе го ангажираше Ентони Гордон од Њукасл, а сега тргнува по секоја цена по напаѓач со кој би ја одбранил титулата во Ла Лига идната сезона, и би атакувал кон трофејот во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
