Лапорта нема дилема: До крајот ќе ги победиме сите противници и ја освојуваме титулата!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е убеден дека Каталонците ќе ја освојат титулата оваа сезона. По победата над Валенсија (3-2), Барса е на третата позиција со 74 поени на четири кола до крајот. Второпласираниот Реал има ист број на бодови, додека Атлетико е лидер со 76.

Следниот викенд Барселона ќе се сретне со Атлетико Мадрид во натпревар кој може да го реши прашањето за шампионот.

„Пред натпреварот со Валенсија, реков дека ако ги добиеме сите пет натпревари до крајот, ќе бидеме шампиони. Сега веќе нема пет, туку четири натпревари до крајот. Убеден сум дека ќе бидеме први“, истакнува Лапорта.

Дури и ако Барселона го победи Атлетико и потоа триумфира на преостанатите три натпревари до крајот, тимот на Роналд Куман треба да почека на грешката на Реал, бидејќи актуелниот шампион има подобар меѓусебен скор.

Се вчитува...