Лапорта нема избор, Барса мора да го продаде Кутињо за 120 милиони помалку од сумата што ја плати за него!

Барселона ќе загуби неверојатни 120 милиони евра од својот најскап фудбалер во историјата, Фелипе Кутињо, кого „Каталонците“ по секоја цена сакаат да го продадат, а главната причина е тешката финансиска состојба во која се наоѓаат, но и поради слабите настапи на Бразилецот. Претседателот на Барса, Жоан Лапорта нема избор, па сега сака да го продаде овој играч за сума од само 25 милиони евра.

Кутињо дојде за 145 милиони евра вреден трансфер од Ливерпул како големо засилување во зимата 2018 година, но во Барселона речиси да не покажа ништо, а изминатава сезона воопшто и не играше поради тешка повреда. Токму затоа, Кутињо се наоѓа на врвот на листа на играчи кои Барса сака да ги продаде, со цел да го ослободат буџетот за плати, но и да внесат свежи пари во касата како заработувачка поради финансискиот фер-плеј, кој во моментов им е сериозна пречка и за новиот договор со Лионел Меси.

Кутињо одигра само 90 меча за Барселона, а изминатава сезона само 14, една година мина на заем и во Баерн Минхен, а многу често беше и повреден, по што ваквата разделба е неопходна кога каталонската гордост заглави со долг од преку една милијарда евра.

Се вчитува...