Лапорта нема време за губење: Меси даде зелено светло за новиот соиграч во нападот

Жоан Лапорта нема време за губење, како предсетаел на Барселона, веднаш почна со стратегија за реконструкција на каталонскиот клуб. Првото засилување е Ерик Гарсија кој ќе пристигнe во Барселона од Манчестер Сити, но во „пакет“ со дефанзивецот во Барса ќе дојде и Серхио Агуеро, кој не доби нов договор од премиерлигашот.

Според новинарот Хуан Хименез, новиот претседател Жоан Лапорта веќе се договорил со претставниците на Агуеро. 32-годишникот со тоа би направил кам-бек во Примера, каде претходно ги бранеше боите на Атлетико Мадрид.

Одличниот голгетер ќе добие шанса за докажување во наредните две сезони, односно до јуни 2023 година. Доаѓање на Агуеро е дел од стратегијата на Лапорта да го задржи Лионел Меси.

За потсетување, Серхио на 23 години потпиша договор за соработка со Сити, па стана еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата. Аргентинецот е најдобар стрелец во историјата на клубот со 257 погодоци и освои тринаесет трофеи, вклучувајќи и четири титули во англиското првенство.

Се вчитува...