Лапорта: Помала плата и доживотен договор за Меси

Откако Жоан Лапорта и официјално стана претседател на Барселона, познат е планот за задржување на првата ѕвезда во тимот, Лионел Меси. По инаугурацијата, Лапорта зборуваше за најважната тема во врска со Барселона – Лео Меси. Тој му се извини на Аргентинецот и му рече дека ќе стори се за да го убеди да остане.

„Мундо депортиво“ пишува дека Лапорта сака да ја намали платата на Лео Меси, но дека новиот договор што би го потпишал најдобриот фудбалер во историјата на клубот би бил доживотeн. Ваквиот потег ќе значи дека и другите фудбалери на каталонскиот гигант треба да се согласат на намалување на платите што е потребно заради големите загуби што ги трпи Барса за време на пандемијата. Со доживотен договор, Лапорта сака да му гарантира на Меси соработка со Барса и по завршувањето на неговата кариера.

Договорот на Меси истекува на крајот на јуни, а во моментов не се очекуваат вести дека Лео наскоро ќе потпише нов. Сепак, „Мундо депортиво“ дознава дека разговорите меѓу двете страни ќе започнат наскоро.

Се вчитува...