Лапорта: Сакаме Меси да остане, но има проблем…

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лео Меси е слободен играч откако неговиот договор со Барселона и официјално истече. Аргентинецот моментално се наоѓа со својата репрезентација на Копа Америка каде го очекува четвртфиналниот дуел против Еквадор па фокусот на 34-годишникот е ставен на интернационалното натпреварување.

Сепак очекувањата се Аргентинецот да ја продолжи соработката со каталонскиот тим штом заврши првенството, но претседателот на Барселона вели дека и покрај тоа што двете страни сакаат да го продолжат договорот има и мал проблем.

„Сакаме да остане и Лео сака да остане, се оди во добар правец, но имаме проблем со фер-плејот. Во процес сме за изнаоѓање на најдоброто решение за сите страни. И јас би сакал да објавам дека останува, но во овој момент не можам да го кажам тоа бидејќи го бараме најдоброто можно решение“, вели Лапорта.

Се вчитува...