Лапорта се врати на „жешкото столче“ во Барса и веднаш започна војна

Претседателските избори во Барселона повторно му го доверија клубот на Жоан Лапорта, па каталонските медиуми покрај стабилизација, најавуваат и бурно лето на Пиринејскиот полуостров со оглед на тоа што новиот претседател тргнува во трансфер војна со Реал Мадрид.

На листата на желби за „новата Барселона“ се наоѓаат Давид Алаба и Ерлинг Халанд, фудбалерите кои се прва опција на „Кралевите“ и воедно играчи со кои мадридскиот состав веќе има започнато иницијални разговори. Во моментот, швајцарскиот интернационалец е далеку пореална опција во однос на напаѓачот на Борусија Дортмунд со оглед на тоа што „универзалецот“ на минхенскиот клуб ќе го напушти составот без обесштета со истек на договорот.

По заминувањето на Суарез, на Барселона и е неопходен нов напаѓач, погледите се насочени кон младите играчи, но според реалната финансиска состојба поверојатна опција е Серхио Агуеро, кој се наоѓа во слична ситуација како Алаба.

Лапорта и Перез имаат нерасчистени сметки уште од првиот мандат на претседателот на Барселона и 2003 година кога трансфер сагата околку доведувањето на Дејвид Бекам заврши со победа на Реал Мадрид, додека последниот пат кога кралскиот клуб осети притисок од Барселона на трансфер пазарот, беше за ангажманот на Нејмар. Таа војна ја доби раководството на каталонскиот клуб, а како ќе биде овој пат, останува да видиме.

 

Се вчитува...