Лапорта: Ситуацијата во Барса е полоша отколку што очекував, би сакал Меси да каже „да“ што поскоро

Жоан Лапорта се врати на чело на Барселона со што каталонскиот клуб влезе во нова фаза на „ребилдинг“ за враќање на клубот онаму каде што му е местото, но Шпанецот вели дека ситуацијата во тимот е многу полоша отколку што тој мислел.

„Клубот е во многу полоша ситуација, и покрај тоа што очекував да биде во тешка ситуација. Постојат договори кои не ограничуваат во организацијата. Има многу работи кои треба да се објаснат и нема да исклучувам никакви мерки. Се ќе биде објаснето бидејќи во спортивно и ние би биле учесници во „црните игри“. Во договорите постојано се појавуваат исти луѓе“, вели Лапорта.

Барселона ова лето одигра паметно на трансфер-маркетот и успеа на „Камп Ноу“ да доведе врвни играчи чии договори завршија со останатите клубови, со што во финансиската криза со која се соочува клубот ги доведе Мемефис Депај, Кун Агуеро и Ерик Гарсија. Лапорта и покрај овие тројца вети дополнителни засилувања, а се осврна и кон Лео Меси.

„Ќе доведеме уште три или четири засилувања. Ќе направиме многу компетентен тим. Би сакал и Меси што поскоро да каже „да“, тоа многу би ни помогнало. Комуницираме секој ден. Возбуден е и тој, а и јас сум многу благодарен бидејќи покажува желба да остане“, додаде Шпанецот.

Се вчитува...