Лапорта со нова економска мерка: Отсега во Барса никој нема да заработува над 10 милиони евра

Неверојатните мега плати во Барселона и дефинитивно ќе сопрат, откако претседателот на клубот Жоан Лапорта реши целосно да ја смени политиката што ја водеше Жосеп Марија Бартомеу.

Клубот имаше највисок буџет за плати и тој изнесуваше 560 милиони евра со негативен биланс, односно долг од 144 милиони евра секоја година. За да ја подобри финансиската слика, Лапорта донесе одлука ниеден фудбалер во иднина да нема годишна плата повисока од 10 милиони евра.

Каталонските медиуми тврдат дека први жртви на оваа одлука биле Антонио Ридигер и Мохамед Салах кои не потпишаа договори со Барселона само затоа што бараа 12, односно 17 милиони евра по сезона.

Роберт Левандовски нема таков проблем и тој е решен по секоја цена да игра за Барселона. Наводно, прифатил плата од 9 милиони евра, само останува уште клубот да се ослободи од непотребните фудбалери и да создаде услови за трансфер.

Се вчитува...