Лапорта: Треба да му се заблагодариме на Левандовски, Челси и ПСЖ нудеа повеќе пари за него

Трансфер сагата за заминување на Роберт Левандовски од Баерн Минхен која траеше повеќе од еден месец добри среќен крај за Барселона и нејзините навивачи откако шпанскиот клуб со помош на полскиот репрезентативец успеа да реализира трансфер вреден 50 милиони евра.

Искусниот голгетер во редовите на каталонците ќе остане три години со можност за продолжување на договорот за уште една сезона, а во меѓувреме веќе отпатува во Мајами каде се одвиваат подготовките за новата сезона на Барселона.

На тема трансферот на полскиот репрезентативец сега говореше и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кој му се заблагодари на новиот фудбалер за издејстуваниот трансфер и тоа што го одбрал шпанскиот клуб пред побогатите понуди на Челси и ПСЖ.

„Мораме да му бидеме благодарни на Роберт за се со оглед на тоа што ја прифати нашата понуда која беше далеку послаба од оние на Челси и ПСЖ. Воедно тој го присили и Баерн Минхен да го пушти да дојде кај нас. Во него добивме загарантиран голгетер, тој е како митролез за голови“, изјави Лапорта.

Се вчитува...