Лас Палмас го продаде својот најдобар фудбалер во Кина

Шпанскиот првлигаш Лас Палмас се раздели со својот најдобар поединец, Џонатан Виера кој се пресели во редовите на Пекинг гуан. Цената на трансферот изнесува 23 милиони евра, а Шпанецот потпиша три ипол годишен договор со кинескиот клуб.

Иако клубот од Канарските острови се наоѓа во тешка ситуација во шпанската Примера, раководството не можеше да се натпреварува со финансиката моќ на Гуан, не им остана друг избор туку да му дозволат на Виера да замине. Меѓутоа, клубот оствари голем профит од неговата продажба со оглед на тоа дека за неговите услуги платија само 900.000 евра во 2015 година, па средствата ќе можат да се искористат во реконструкција на составот за следната сезона.

Лас Палмас по 24. кола во шампионатот се бори за опстанок, моментално се наоѓа на 18. позиција на табелата со 18 бода, два помалку од тимот во кој игра нашиот репрезентативец, Леванте на Енис Барди.

 

Се вчитува...